– Бесплатна обука за компании –

Facebook: Што по замирањето на органскиот досег?

07.02.2018  |  12:00 часоТ

Локација: Clear View Business Training Center

По последното известување на Facebook дека со новиот алгоритам објавите на бизнис страниците нема повеќе да се прикажуваат пред корисниците на најголемата социјална мрежа, се повеќе може да се чуе една реченица која звучи страшно: Органскиот досег е мртов.

Можеби сè уште не е комплетно мртов, но долго време е на умирање а ова веројатно е последниот удар за органскиот досег на вашата Facebook страница.

Оваа куса бесплатна обука ќе ве подготви за овие промени и ќе ви ги покаже правците во кои треба да почнете да ги развивате вашите стратегии за присуство на Facebook со цел да останете видливи пред сите ваши сегашни и потенцијални клиенти и фанови. Искористете ги новонастанатите услови и стекнете предност пред конкуренцијата.

Агенда на обуката

12:00 – Кои промени треба да ги очекуваме и зошто овие промени во алгоритамот на Facebook се најрадикални досега.

12:35 – Кои стратегии ќе ви помогнат да се справите со нив.

13:15 – Отворена дискусија околу можни сценарија за вашата компанија

13:45 – Неформална дружба

Дарко Булдиоски

Дарко е основач на маркетинг агенцијата NewMedia.mk програмски директор на AllWeb.mk конференција за дигитален маркетинг. Тој е предавач на академијата за дигитален маркетинг на Cleaw View BTC и активен во полето на маркетинг едукација повеќе од 10 години. Има огормно искуство во полето на дигитална комуникација и развој на стратегии за социјални медиуми за голем број интернационални и локални брендови.

„On Thursday night, Mark Zuckerberg dropped the digital equivalent of a nuclear bomb on the media industry.“

- AdWeek

„Facebook is going to penalise posts which don’t make you talk.“

- Wired

„A lot of people are going to have to increase paid budgets to hit their guarantees.“

- DigiDay

„Facebook just became the ultimate dystopia“

- Mashable

Подгответе се за унапредување на вашите стратегии за присуство на Facebook и останете релевантни за вашите сегашни и потенцијални клиенти и фанови.

Clear View BTC

ул. Јане Сандански 71a2/5/61.6
(Capitol Mall Residence 5-ти кат)
инфо: hello@allweb.mk

Партнери